Lokman İlhan
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
КАРАКАС (АА) - Укинат е имунитетот на седум опозициски пратеници во Националното собрание на Венецуела, што учествуваа во военото и цивилното востание во земјата, против кои е започнат судски процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е судскиот процес против лицата што учествуваа во военото и цивилното востание кое заврши со неуспех, покренато од страна на група венецуелски војници на 30 април заедно со претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на земјата.
Основачкото собрание на Венецуела (ANC), кое е надлежно законодавно тело на државно ниво, позитивно одговори на барањето на Врховниот суд за правда (TSJ) на Венецуела за укинување на имунитетот на седум пратеници кои играле улога во настаните во оваа земја.
Се очекува Врховниот суд за правдата (TSJ) да добие дозвола за судење, за која има потреба, од Основачкото собрание на Венецуела (ANC), кое го укина имунитетот на пратениците за кои станува збор, со обвинувањата „велепредавство, заговор, поттик за бунт, поттик за цивилен бунт, формирање организација за вршење криминал, узурпирање на надлежност, поттикнување на јавноста на непочитување на законите и вршење злосторство од омраза“.
Националното собрание на оваа земја кое нема овластување и е сочинето претежно од опозицијата, реагираше против оваа одлука.
Во писменото соопштение на Националното собрание се тврди дека оваа одлука е неважечка, и дека АН ќе продолжи да работи за ставање крај на „узурпирањето на претседателството“.
Во вчерашното писмено соопштение на Врховниот суд за правдата (TSJ) беше истакнато дека по барање на главниот обвинител, Тарек Вилијам Сааб, започнат е судски процес против опозициските пратеници Енри Рамос Аљуп, Луис Герман Флоридо, Маријанела Магаљанес Лопес, Хосе Симон Калсадиља Параса, Андрес Енрике Делгадо Веласкес, Америго де Грасија и Ричард Хосе Бланко Делгадо, и дека очекуваат одговор од Основачкото собрание на Венецуела (ANC) за дозвола за судење.