Muhammet Kurşun
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 15 лица, со што вкупниот број починати се искачи на 107, а бројот на откриени случаи на 3.513, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кијануш Џиханпур, од Министерството за здравство на Иран, истакна дека бројот на починати од Ковид-19 во земјата се искачил од 92 на 107 лица.
Џиханпур информираше дека вкупната бројка на откриени случаи изнесува 3.513.
Тој рече дека најмногу случаи се откриени во Техеран, Ком, Исфихан, Меркези, Мазендеран и Гилан.
Според него, 739 лица се излекувани и отпуштени од болница.