Emre Aytekin
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
АНКАРА - Во јужнокорејската провинција Северна Чола, во тунелот на Автопатот Сунчхон - Ванџу се случи верижна сообраќајна несреќа во која животот го загубија 5 лица, а 41 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција „Јонхап“ објави дека меѓу 30-те возила што учествувале во сообраќајката се наоѓал и еден шлепер кој транспортирал азотна киселина.
Во сообраќајката што се случи вчера, шлеперот со азотна киселина удрил во група од возила кои претходно учествувале во верижна сообраќајка. По несреќата наоколу се разлеала азотната киселина, која се запалила откако во шлеперот удриле новите возила кои влегле во тунелот.
Во несреќата животот го загубија 5 лица, а 41 се повредени.
Пожарот кој избувна по сообраќајката ги уништил безбедносните камери во тунелот, а чадот ги отежнал спасувачките операции.