Davit Kachkachishvili
22 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ТБИЛИСИ
Вооружениот напаѓач, кој влезе во банка во Грузија, побегна заедно со двајца заложници и полицаецот кој му ги донесе 500-те илјади долари кои ги побара, а по некое време ги ослободи заложниците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава дадена од грузиското Министерство за внатрешни работи се наведува дека вооружениот напаѓач кој влегол во банка во градот Зугдиди, на 300 километри од главниот град Тбилиси и побарал 500 илјади долари, денеска наутро ги ослободил сите заложници.
Исто така се истакнува дека напаѓачот во вечерните часови побегнал заедно со двајца заложници и полицаецот кој му ги донел 500-те илјади долари кои ги побарал. А денеска наутро ги ослободил.
Во изјавата се наведува дека операцијата за пронаоѓање на вооружениот напаѓач продолжува.
Кога напаѓачот влегол во банката како заложници задржал 43 лица, а подоцна ги ослободувал еден по еден.
Според соопштението, за време на заложничката криза вооружениот напаѓач задржал 19 заложници.
Барањата ги наведе преку еден заложник
Напаѓачот преку еден заложник побарал околу 500 илјади американски долари и се заканил дека ќе почне да ги убива заложниците сѐ додека полицијата не се оддалечи од зградата на банката.
По барање на напаѓачот оклопните возила на безбедносните сили околу банката беа повлечени.