Ekipa
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Канцеларијата на јавниот обвинител на Франција објави дека е идентификуван вториот напаѓач во црквата во Нормандија, напад во кој животот го загуби еден свештеник. Се тврди дека ДНК-анализата покажала дека се работи за 19-годишниот Абдел Малик Набил Петит Жан, кој е роден во источниот француски регион на Восгес, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој заедно со другиот напаѓач, 19-годишниот Адел Кермич, на 26 јули ја нападнаа црквата за време на утринската миса во Нормандија.
За време на нападот со нож му го пресекле вратот на на 85-годишниот свештеник, а во заложништво зеле три калуѓерки. Мажот бил сериозно повреден, а една калуѓерка успеала да избега и да ја информира полицијата за нападот.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и успеала да ги ликвидира двајцата напаѓачи.