Ekipa
21 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
ЖЕНЕВА (АА) - 50. Светски економски форум (WEF) во швајцарскиот град Давос започна со присуство на околу 3.000 бизнисмени, политичари, професори и претставници на невладини организации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Овогодинешниот самит на Светскиот економски форум, на кој учествуваат истакнати светски политичари и бизнисмени, се одржува на темата „Засегнати страни за кохезивен и одржлив свет“.
На Самитот во Давос учествуваат околу 3.000 бизнисмени, политичари, професори и претставници на невладини организации од 117 земји.
На овој самит бројни земји се претставени на ниво на претседатели од држави и влади.
Се очекува на Самитот да се обратат американскиот претседател, Доналд Трамп, германската канцеларка, Ангела Меркел, премиерот на Италија, Џузепе Конте, претседателката на Еврпската комисија, Усула фон дер Лејен, како и премиерот на Шпанија, Педро Санчес.
Турција на овој самит е претставена од министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерката за трговија, Рухсар Пекџан, и шефот на Централната банка на Турција, Мурат Ујсал.
На состаноците што ќе се одржат во рамки на Самитот ќе се разговара за различни теми, како климатските промени, трговијата, економијата и дипломатијата.