Şenhan Bolelli
15 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
МАДРИД
Сеизмичките активности на вулканот Кумбре Виеха на шпанскиот остров Ла Палма за првпат од септември престанаа, соопштија властите, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ерупциите и протокот на лава на вулканот престанаа, додека емисиите на гасови и земјотресите исто така се во драматично намалување“, изјавија во вторникот претставници на Вулканскиот план за вонредни состојби на Канарските Острови.
Тие, исто така, соопштија дека Кумбре Виеха влегол во последната фаза и експертите најавија дека доколку се потврдат сегашните податоци во текот на следната недела, ќе стане јасно дека ерупцијата ќе престане.
Вулканот, кој исфрли повеќе од 94 милиони кубни метри лава од почетокот на ерупцијата на 19 септември, уништи 2.896 објекти, воглавно куќи, а делумно се оштетени 150 објекти.