Muhammet Kurşun
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
ТЕХЕРАН
Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, истакна дека на администрацијата на Техеран не ѝ се потребни САД и дека не се обидува да развива односи со таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, по состанокот со членовите на Комисијата за национална безбедност и надворешна политика на иранското Собрание, во изјавата за новинарите ги оцени преговорите со САД.
Опишувајќи ги санкциите на американскиот претседател, Доналд Трамп, кон Иран како „економски тероризам“, Зариф истакна дека администрацијата на Вашингтон треба да прекине со санкциите.
- „Американците да не предизвикуваат проблеми во нашите односи со други земји, тоа е доволно“
Тврдејќи дека САД спроведуваат политика на максимален притисок, Зариф нагласи дека нивните изјави во правец дека се подготвени да преговараат се со цел да се зголеми притисокот врз јавноста.
„На администрацијата на Техеран не ѝ се потребни САД и не се обидува да развива односи со таа земја. Американците да не предизвикуваат проблеми во нашите односи со други земји, тоа е доволно“, рече Зариф.
Зариф, истакнувајќи дека меѓународната јавност ги оценува изјавите на САД, рече дека Иран во надворешната политика е фокусиран на развивање на своите односи со соседните земји и дека посетите на претседателот Хасан Рухани во земјите од регионот ќе бидат во тие рамки.
Тој, исто така, наведе дека германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, кој во вечерните часови пристигнал во Техеран, не донел специјална порака за Иран, додавајќи дека администрацијата на Берлин се залага за продолжување на нуклеарниот договор, но тоа не треба да остане само на изјава.