Lina Altawell
11 Март 2026•Ажурирај: 11 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денес соопштија дека гласните звуци од експлозии што се слушаат во Дубаи се предизвикани од операциите за пресретнување во воздух, во услови на ескалација на регионалните тензии, јавува Анадолу.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека звуците биле предизвикани од „успешните пресретнувања во воздухот“.
Не се дадени информации за жртви или предизвикана штета.
Регионалната ескалација се интензивира од 28 февруари кога Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран, при што загинаа повеќе од 1.300 луѓе, а повредени се 10.000.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот, каде што се наоѓаат американски воени бази.