Mustafa Melih Ahıshalı
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Иран осуди на затворски казни во траење од вкупно 72 години осуммина активисти кои барале замена на иранскиот верски поглавар, ајатолахот Али Хамнеи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Организацијата на активистите за човекови права во Иран (KRANA) соопшти дека во Судот на револуцијата во Машад е завршено судењето против осуммина активисти кои во август минатата година со отворено писмо барале оставка на ајатолахот Хамнеи.
Активистите се осудени на различни затворски казни во траење од една до 26 години и осудени се за навредување на водачот на револуцијата и лидерите на земјата, за мамење на јавноста, соработка со странските медиумски куќи и незаконско собирање.
Најголема затворска казна во траење од 16 години е изречена на активистот Абдуресул Муртазеви, а на различни затворски казни осудени се и Мухамед Хусеин Сепехри, Фатма Сепехри, Хашим Реџаи, Мухамед Хусеинпур, Муртаза Касими, Хашим Хастар и Мухамед Нуризад.