свет

Зголемено нивото на безбедност во воздушната база на НАТО во Германија поради потенцијална закана

„Го подигнавме безбедносното ниво во воздушната база на НАТО, Гејленкирхен, врз основа на разузнавачките информации што укажуваат на потенцијална закана“, се вели во соопштението на базата објавено на социјалните мрежи.

Ayhan Şimşek  | 23.08.2024 - Обновена : 24.08.2024
Зголемено нивото на безбедност во воздушната база на НАТО во Германија поради потенцијална закана

БЕРЛИН (АА) - НАТО го подигна нивото на безбедност во воената база во Северозападна Германија поради „потенцијална закана“, соопштија властите синоќа, јавува Анадолу.

„Го подигнавме безбедносното ниво во воздушната база на НАТО, Гејленкирхен, врз основа на разузнавачките информации што укажуваат на потенцијална закана“, се вели во соопштението на базата објавено на социјалните мрежи.

„Целиот персонал што не е суштински за мисијата е пратен дома како мерка на претпазливост. Безбедноста на нашиот персонал е наш врвен приоритет. Операциите продолжуваат според планираното“, се вели во соопштението.

Надзорните авиони АВАКС на воената алијанса се стационирани во базата Гејленкирхен, која се наоѓа во близина на западниот град Ахен. Мултинационалната единица обезбедува надгледување од воздух и море и може да се користи како летачки команден центар во операциите на борбените авиони.

Во последниве години авионите АВАКС на НАТО извршија стотици летови над Источна Европа за да ја следат руската воена активност во близина на границите на Алијансата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın