Islam Uddin
12 Септември 2023•Ажурирај: 13 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денес пристигна во Русија за средба со претседателот Владимир Путин, пренесува Анадолу.
Ким, кој последен пат ја посети Русија во 2019 година, пристигна во рускиот пограничен град Хасан и е на пат кон градот на крајниот исток, Усуријск, јави новинската агенција Јонхап.
Тој го напуштил главниот град Пјонгјанг со својот приватен воз доцна во неделата заедно со високи владини претставници и воен персонал, соопштија севернокорејските државни медиуми.
Портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана, Џеон Ха-кјо, изјави дека Сеул внимателно ги следи посетата и можните разговори меѓу двете земји во врска со евентуална продажба на оружје.
„Имајќи предвид дека го придружува голем број воен персонал, (ние) внимателно следиме дали ќе се случат преговори за трговија со оружје меѓу Северна Кореја и Русија и трансфер на технологија“, рече тој.
Претходно САД тврдеа дека „активно напредуваат“ тајни разговори меѓу Русија и Северна Кореја за снабдување на Кремљ со муниција за воените дејства во Украина.
Путин е во Владивосток за Источниот економски форум и се очекува денес да се обрати на пленарната сесија.