Burç Eruygur
14 Октомври 2025•Ажурирај: 15 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Украина денес соопшти дека најмалку 57 лица се повредени во руските воздушни напади врз североисточниот град Харков, јавува Анадолу.
„Русија синоќа фрли бомби врз Харков, при што погоди градска болница и повреди 57 лица“, наведе претседателот Владимир Зеленски на платформата на американската компанија за социјални медиуми X.
Дефинирајќи го нападот како „апсолутно терористички и циничен“, Зеленски рече дека тој бил насочен и кон енергетската инфраструктура во регионот, но не даде дополнителни детали.
Тој рече дека имало напади и врз регионите Доњецк, Кировоград и Суми.
Украинскиот претседател ги повика партнерите да обезбедат дополнителни системи за воздушна одбрана, како и меѓународната заедница да ја принуди Русија да „седне на маса за вистински преговори“.
„Само мирот преку сила може да донесе резултати“, додаде Зеленски.
Гувернерот на Харков, Олех Синјехубов, во претходна објава на Телеграм наведе дека во текот на изминатиот ден во нападите врз Харков и осум населени места во регионот биле повредени 62 лица.
Во соопштението на Телеграм воздухопловните сили на Украина тврдат дека воздушната одбрана соборила 69 од 96 дрона лансирани од Русија во текот на ноќта.
Руските власти не ги коментираа веднаш изјавите на Украина.