Mahmoud Barakat
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Едно лице загина, а 57 се повредени во земјотрес со јачина од 4,2 степен според Рихтеровата скала кој утрово го погоди Техеран и северозападната иранска покраина Aлборз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Смртниот случај бил последица на срцев удар, додека поголемиот дел од повредите биле предизвикани од паника, објави новинската агенција Tесним, повикувајќи се на локалните здравствени служби.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од околу 12 километри помеѓу Техеран и Алборз.
Минатата среда, истата област беше погодена од посилен земјотрес со магнитуда 5,2 степени, во кој беа повредени стотици луѓе.
Оваа година, на 12 ноември, регионот на границата помеѓу Иран и Ирак беше погоден од земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа над 600 лица.