AP
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
МАДРИД (АА) - Министерството за надворешни работи на Шпанија соопшти дека повлекува илјадници полициски службеници распоредени во североисточниот регион на Каталонија, во настојувањето да се запре одржувањето на референдумот за независност во октомври оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи, Хуан Игнасио Зоидо, доцна синоќа изјави дека е проценето оти 5.000 дополнително распоредени полицајци не се потребни по нормализирањето на состојбата, откако шпанската централна власт презеде директна контрола над нестабилниот регион, по едностраното прогласување на независност од страна на Парламентот на Каталонија, неколку недели по референдумот.
Шпанија е критикувана поради тоа што полицијата употребила сила за да го запре одржувањето на референдумот. Во судирите се повредени стотици лица и полицајци.
Шпанската централна власт подоцна ја распушти каталонската Влада и Парламентот и распиша вонредни регионални избори, кои се одржаа на 21 декември.