Şeyma Uzundere
16 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
АНКАРА - Земјотрес со интензитет од 5,8 степени ја потресе Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот Центар за геолошки истражувања објави дека земјотрес со интензитет од 5,8 степени се случил на 70 километри од градот Амахаи на островот Серам, во индонезиската покраина Малуку.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10,6 километри.
Индонезиските власти ги повикаа луѓето да ги напуштат плажите во покраините Џапутих и Апиаху, предупредувајќи ги да бидат подготвени од можноста за појава на цунами.
Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, во кој земјотресите и вулканските ерупции се честа појава.