Ekip
29 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
КАРАЧИ (АА) - Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала ги потресе деловите на пакистанската престолнина Исламабад утрово, објави пакистанската Агенција за метеорологија, известува Агенција Анадолија (АА).
Досега не се пријавени човечки жртви, ниту материјална штета.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 150 километри.
Цитирајќи ги граѓаните, повеќе локални медиуми објавија дека земјотресот силно бил почувствуван.
Пакистан се наоѓа на евроазиската тектонска плоча, која е позната по високото ниво на сеизмички активности.
Во септември 2019 година, повеќе од 40 лица загинаа, а над 300 беа повредени во силниот земјотрес што го потресе местото Мирпур во територијата Азад Кашмир.
Во октомври 2005 година во голем земјотрес во Азад Кашмир и покраината Хајбер Пахтунхва животот го загубија повеќе од 80.000 лица.