Sinan Doğan
13 Јули 2022•Ажурирај: 15 Јули 2022
БОГОТА - Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го потресе Велигденскиот Остров во јужноамериканската земја Чиле, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната сеизмолошка служба соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,5 степени е почувствуван на 699 километри северозападно од Велигденскиот Остров, на длабочина од 10 километри под земја.
Властите на Чиле соопштија дека според првичните проценки, во земјотресот нема загинати или повредени во земјотресот.
По земјотресот не е дадено предупредување за цунами на Велигденскиот Остров, кој се наоѓа на оддалеченост од 3.700 километри од чилеанскиот брег.
Во меѓувреме, чилеанските власти информираа дека се случил уште еден земјотрес со интензитет од 5,2 степени.