Muhammed Emin Canik
02 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
АНКАРА (АА) - Јужноамериканската земја Боливија ја погоди земјотрес со интензитет од 6,8 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) информираше дека епицентарот на земјотресот во Боливија се случил во близина на границата со Парагвај, 328 клометри југоисточно од градот Тариха, на длабочина од 557 километри под земјата.
Засега не се знае дали има жртви од земјотресот и дали е причинета материјална штета.