Muhammet Kurşun
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
ТЕХЕРАН
Земјотрес со јачина од 5,1 степен ја погоди иранската јужна покраина Фарс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за сеизмологија при Универзитетот на Техеран оваа информација ја потврди преку соопштение.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил во местото Бејрам кое се наоѓа во подрачјето на Ларистан во Фарс.
Земјотресот се случи во 22:35 часот по локално време, на длабочина од 16 километри.
Сеуште не е дадена некоја изјава дали има жртви или материјална штета во земјотресот.
Во местото каде се случи земјотресот се упатени тимови за пребарување и спасување.
Инаку, во истото подрачје на 9 јуни се случија 2 земјотреси со јачина од 5,1 и 5,7 степени, но немаше жртви.