Bilal Acar
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
МАНЧЕСТЕР
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 36 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 41.698, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди британското Министерство за здравство.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа починаа уште 36 лица поради овој вирус.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се искачи на 41.698.
Се истакнува дека откриени се уште 1.514 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата се зголеми на 295.889.
Во последните 24 часа во земјата се направени 144.865 тестирања за Ковид-19, со што вкупната бројка на направени тестирања во земјата се зголеми на 6.772.602.