Adem Şalvarcıoğlu
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер го погоди градот Фукушима, во североисточниот дел на Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Метеоролошкиот завод на Јапонија соопшти дека земјотресот со епицентар во Фукушима се случил во 17:42 часот по локално време, на длабочина од 20 километри, а е почувствуван и во јужниот дел на регионот.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.
Инаку, 19 лица го загубија животот во цунамито што се случи по земјотресот во 2011 година.