Ahmet Furkan Mercan
20 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди полуостровот Ното кој се наоѓа во јапонската префектура Ишикава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Земјотресот се случил во 10:31 часот по локално време во Ишикава, на длабочина од 14 километри.
По земјотресот не е дадено предупредување за големи бранови.
Јапонскиот премиер Кишида Фумио соопшти дека досега не се регистрирани штети во земјотресот кој бил почувствуван и во соседните префектури Ниигата и Тојама.
Инаку, префектурата Ишикава вчера ја погоди земјотрес со јачина од 5,4 степени, во кој повредени беа 6 лица.