Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Чиле
- „Земјотресот е регистриран на многу мала длабочина од 10 километри во 6:37 часот по локално време и не бил почувствуван или барем не е пријавено“
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Тихиот Океан во близина на брегот на Чиле денес, се вели во извештајот, јавува Анадолу.
„Земјотресот е регистриран на многу мала длабочина од 10 километри во 6:37 часот по локално време и не бил почувствуван или барем не е пријавено“, објави веб-страницата „Волкано дискавери“.
Не се очекуваат поголеми штети или загуби од земјотресот, а не е издадено ниту посебно предупредување.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.