Ekipa
09 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степен според Рихтеровата скала потресе делови на Пакистан, а беше почувствуван и во Авганистан и Таџикистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот беше на границата со Авганистан и Таџикистан на длабочина од 97 километри, соопшти пакистанската Метеоролошка служба.
При земјотресот, најмалку шест деца биле повредени во северозападната пакистанска област Бану. Според локалните медиуми, децата биле повредени кога скокале од вториот кат од училишната зграда.
„Децата се хоспитализирани и се надвор од животна опасност“, беше потврдено за АА.
Ова е втор земјотрес што во средата го погоди северен и северозападен Пакистан. Засега нема информации за материјална штета и човечки жртви во утринскиот земјотрес.
Пакистан се наоѓа на евроазиската тектонска плоча, позната по чести сеизмички активности.