Islam Uddin
12 Декември 2025•Ажурирај: 12 Декември 2025
Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер го погоди североисточниот брег на Јапонија денес, соопшти Американскиот геолошки завод, поради што властите издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше укинато, јавува Анадолу.
Земјотресот се случил околу 02:44 часот по Гринич, на длабочина од 16 километри покрај брегот на градот Хачинохе во префектурата Аомори.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами за северните и североисточните делови на земјата и предвиде бранови до еден метар во погодените региони.
Сепак, подоцна метеоролошката служба го укина предупредувањето за цунами за брегот на Северна Јапонија во Тихоокеанскиот Регион.
Претходно властите издадоа наредби за евакуација во неколку градови и ги замолија луѓето да се преселат на безбедни места.
Не се пријавени никакви абнормалности од нуклеарните централи во погодениот регион, а немаше и непосредни извештаи за штети.
Најновиот земјотрес го погоди регионот откако властите претходно предупредија за силни потреси оваа недела.