Ikrame Imane Kouachi
14 Јули 2024•Ажурирај: 15 Јули 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 141 Палестинец се убиени во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број на убиени од 7 октомври се зголеми на 38.584, објави денес Министерството за здравство на палестинската енклава, известува Анадолу.
Во соопштението на министерството се додава дека 88.881 Палестинец се повредени во израелските напади.
„Во последните 24 часа, израелските сили убија 141 лице, а ранија уште 400 во три масакри врз населени места“, објави Министерството.
Во соопштението се додава дека многу тела сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници на Појасот Газа на 7 октомври минатата година.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.