свет

Турското МНР најостро го осуди обидот за атентат врз Доналд Трамп

– „Најостро го осудуваме нападот врз поранешниот претседател на САД и претседателски кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп, на политички митинг во Пенсилванија“, се наведува во соопштението.

Seda Sevencan  | 14.07.2024 - Обновена : 16.07.2024
Турското МНР најостро го осуди обидот за атентат врз Доналд Трамп

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Туркије најостро го осуди нападот врз Доналд Трамп за време на изборниот митинг во државата Пенсилванија, известува Анадолу.

„Најостро го осудуваме нападот врз поранешниот претседател на САД и претседателски кандидат за претстојните избори, г-дин Доналд Трамп, на политички митинг во Пенсилванија“, се вели во соопштението.

Министерството го опиша обидот за атентат како напад не само врз Трамп, туку и врз волјата на народот.

„Мешањето во демократската политика преку насилство, државни удари и други нелегитимни средства е неприфатливо. Се надеваме дека претстојните избори во Соединетите Американски Држави ќе се одржат во мирна средина“, се наведува во соопштението од Анкара.

Претходно, претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, остро го осуди нападот врз Трамп и му посака брзо закрепнување.

20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија се обиде да го убие поранешниот американски претседател и кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп.

Како што соопшти Федералното истражно биро (ФБИ), вооружениот напаѓач го пукал кон републиканскиот претседателски кандидат Трамп додека тој држел говор на бина во Пенсилванија.

Трамп бил полесно ранет во пределот на десното уво, а со интервенција на обезбедувањето бил оддалечен од бината.

Напаѓачот е неутрализиран, неговото тело е пронајдено недалеку од местото на нападот, во кој едно лице од учесниците на митингот е убиен, а уште две се тешко ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın