Büşra Selvi Öğütcen
10 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
ВЕЛИНГТОН
Извршен е кибернапад врз еден од системите за податоци на Централната банка на Нов Зеланд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Централната банка со седиште во Велингтон, хакерите ја презеле контролата врз еден од системите за податоци на банката.
Се вели дека илегално е пристапено од трета страна до услугата за споделување датотеки, што е користена со цел споделување и складирање на сензитивни податоци.
Претседателот на Централната банка, Адријан Ор, истакна дека е извршено ограничено хакирање и дека основните функции на банката се безбедни и продолжуваат со работа.
Ор нагласи дека одблизу соработуваат со експертите за кибербезбедност во земјата и во странство, како и со другите власти.
Според него, продолжува процесот за утврдување на типот на хакираните податоци, а можно е да биле хакирани комерцијални и сензитивни лични податоци.