Ali Cura
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
МОСКВА
Рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Азербејџан, Илјам Алиев, и премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, утре ќе се состанат во Москва со цел да разговараат за прашањето на Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на прес-службата на Кремљ, трилатералната средба на Путин, Алијев и Пашинјан ќе се организира со иницијатива на Путин на 11 јануари.
Се истакнува дека на средбата ќе се разговара за спроведувањето на заедничката декларација во врска со Нагорно Карабах постигната помеѓу тројцата лидери на 10 ноември минатата година, како и за чекорите кои ќе се направат кон решавање на постоечките проблеми во регионот.
Во соопштнието се наведува дека лидерите ќе се осврнат на прашањата за помош на луѓето кои страдаа од конфликтите во регионот, отворање и развој на трговските, екоомските и сообраќајните врски.
Исто така беше наведено дека се предвидува и Путин да има одделни средби со Алиев и Пашинијан.