Nuri Aydın
31 Декември 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2020
АНКАРА - Изложбата на дела на познати фотографи, кои ја документираат маката на бегалците, под наслов „Егзодус-Дежа ву“, ќе обиколат бројни градови во Европа и САД во текот на 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Организаторот на изложбата, Патрис Валете, за АА изјави дека целта на оваа изложба е подигање на свеста за бегалската криза во целиот свет.
„Преговараме со Обединетите нации (ОН) за организирање изложба која би започнала на 20 јуни 2020 во Њујорк“, изјави Валете.
Нагласувајќи дека проектот е изложба на фотографии, Валете додаде дека таа би требало да биде организирана во што поголем број градови, бидејќи за проблемот со бегалците мора повеќе да се зборува.
Изложбата е збир на наградувани фотографи кои внимателно го следат и го фотографираат опасното патување на бегалците.
На изложбата учествуваат делата на Атилган Оздил (Агенција Анадолија - Турција), Иса Тома (Сирија), Роланд Неву (Франција), Фабиола Фереро (Венецуела), Јалда Моајери (Иран).
Изложбата за првпат е организирана во Куала Лумпур 2016 година, а во 2017 година беше прикажана во Банкок и Анкара.
Агенција Анадолија (АА) е глобален и комуникациски партнер на изложбата која ќе биде прикажана во Вашингтон и во Лос Анџелес.