Mustafa Deveci
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелските сили во 2019 година убија 149 Палестинци во Појасот Газа кој е под блокада, како и на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот објавен од страна на Палестинската национална заедница на семејствата на шехидите при палестинската Влада, се наведува дека оваа година биле убиени 149 Палестинци, од кои 33 деца и 12 жени.
Како резултат на израелските напади, во Газа загинаа 112 лица, додека на Западниот Брег и во Источен Ерусалим загинаа 37 Палестинци.
Шеесет и девет од вкупно убиените Палестинци во Газа загинале во воздушните напади на Израел.
Во извештајот се наведува дека израелската администрација задржала безживотни тела на 306 Палестинци, од кои 15 тела се задржани оваа година.