Burak Bir
06 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ГАЗА
Позициите на палестинската група на отпорот „Хамас“ во Појасот Газа беа цел на израелско гранатирање денес, објави Војската на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Израелската Војска погоди три набљудувачки позиции во северна и централна Газа, што припаѓале на бригадите „Из ад Дин ал Касам“, военото крило на Хамас“, наведуваат извори од терен.
Палестинското Министерство за здравство не објави никакви информации за жртвите.
Израелската Војска тврди дека нападот е извршен како одговор на ракетите лансирани од Газа кон Израел.