Gülşen Topçu
13 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара воведување на санкции кон Иран поради тестирање на балисички проектили, јавува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху упати барање до министерството за надворешни работи на Израел, да побара итно санкционирање на Иран од страна на земјите од групата 5+1, поради јасното кршење на договорот за иранското нуклеарно наоружување.
Во соопштението се наведува дека оваа ситуација сама по себе е крупен чекор и испит на кои се ставени земјите од групата 5+1 во контекст на устрајноста на иранското почитување на потпишаниот нуклеарен договор.
Претходно, соопштено е дека Иран, оваа недела, тестирал балистички ракети со домет да стигнат до Израел, што е потврдено и од страна на САД. Наведено е дека тоа не значи дека Иран го прекршил договорот, но дека за тоа ќе се води расправа во Обединетите нации (ОН).