Fahri Aksüt
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел доцна синоќа изведе воздушни напади во централниот и северниот дел на Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека првичните извештаи покажуваат дека во нападите е повредено тригодишно дете.
Портпаролот на израелската војска тврди дека во нападите биле гаѓани позиции на Хамас.
Палестинските активисти пуштаа огнени змејови и балони над израелската територија како дел од тековните протести против окупацијата долж границата на Газа со Израел. Балоните предизвикаа пожари на некои локации во израелските населби.
Појасот Газа, кој се опоравува од израелската воздушна, копнена и поморска блокада во 2007 година, има седум гранични премини што го поврзуваат Појасот со надворешниот свет.
Шест премини се контролирани од страна на Израел, додека преминот Рафа го контролира Египет, од каде што Газа се држи цврсто запечатена по соборувањето на поранешниот египетски претседател Мухамед Морси со воен воен удар во 2013 година.