Barış Seçkin
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
РИМ (АА) - Министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, изјави дека неговата земја и понатаму го поддржува дводржавното решение за конечно да биде решено израелско-палестинското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Алфано во обраќање на 3. Одбор на министрите на Италија и Палестина во Рим, на кој присуствуваше и палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малики, истакна дека се потпишани девет договори за соработка во областа на трговија, финансии, здравство, безбедност, туризам и култура за неговата земја да придонесе за мирот и безбедноста на Блискиот исток.
Тој потсети дека Одборот на министри на Италија и Палестина е формиран во јуни 2015 година во Рамала, додавајќи дека досега послужил како значајна платформа преку која се постигнати конкретни резултати во голем број на области.
„И покрај постоечките потешкотии, ние и понатаму ќе го поддржуваме дводржавното решение за да се придонесе за мирот и безбедноста во целиот регион “, изјави Алфано.
Ал Малики на насобраните им кажа дека е најважно да се спречи едностраната политика која ја спроведува Израел на Блискиот исток.
„Израелската окупација на палестинската територија како и изградбата на нови населби на Западниот брег и Ерусалим додатно ќе ја загрозат стабилноста на регионот. Едностраната политика на Израел мора да биде спречена“, нагласи Ал Малики.
Изрази благодарност до италијанските власти поради отворената поддршка на Палестина со цел формирање на независна држава.
„Знаеме дека сме на вистински пат се додека имаме поддршка од земјите како Италија“, изјави палестинскиот министер за надворешни работи.