Hafal Dekmak,Hamdi Yıldız
09 Ноември 2023•Ажурирај: 10 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Израелските авиони рано утринава ја бомбардираа околината на болницата Ал-Шифа и детската болница Ал-Наср во Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, болницата Ал-Шифа, во која се сместени илјадници пациенти и бегалци, била цел на проектили кои наизменично биле истрелани од израелските авиони.
Во нападите со шрапнели е оштетена околината на болницата.
Во воздушен напад во близина на детската болница Ал-Наср во западниот дел на градот загинаа тројца Палестинци, а десетици се ранети.
Израелската артилерија, пак, стрелаше и кон источниот дел на градот Рафа.