Burak Bir
09 Ноември 2023•Ажурирај: 10 Ноември 2023
ЛОНДОН (АА) - Кери Чакраборти, лидерката на британската хуманитарна организација „Оксфам“, изјави дека приказната за хуманитарен пристап за Појасот Газа е лажно ветување сѐ додека израелското немилосрдно бомбардирање и понатаму убива цивили, јавува Анадолу.
Чакраборти го критикуваше Ендрју Мичел, британскиот министер за надворешни работи за развој и Африка, поради неговиот говор во британскиот Парламент за Газа.
„Приказната за хуманитарен пристап е лажно ветување, кога израелските бомби и понатаму немилосрдно гаѓаат цивили и деца и кога потполната опсада останува на сила“, рече Чакраборти.
Во својот говор, Мичел повика на потребата за ефикасни хуманитарни паузи, додавајќи дека количеството на помошта што оди во Газа не е доволно.
„Правото на Израел на самоодбрана не го оправдува ова ужасно страдање и хуманитарната криза. Сосема е очигледно дека Израел го крши меѓународното хуманитарно право“, истакна Чакраборти.
Посочувајќи дека е незаконски да се гаѓаат цивили или да им се оневозможуваат храната, лековите и водата, Чакраборти додаде дека тоа се случува повеќе од еден месец во Газа.
„Владата на Обединетото Кралство има морална и дипломатска одговорност да помогне во постигнувањето траен прекин на огнот и да започне напорен труд кон воведување мир“, порача Чакраборти.