Davut Demircan
20 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони утринава погодија две воени цели кои припаѓале на палестинските групи на отпорот во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локалните безбедносни извори, израелските воени авиони имале за цел две воени позиции - една во северниот град Беит Лахиа и друга во јужниот град Кан Јунис.
Воените авиони исто така бомбардираа и земјоделско земјиште во областа Рафа.
Израелската армија соопшти дека меѓу целите биле подземната инфраструктура, поморска и воена позиција на Хамас во северниот дел.
Во соопштението исто така се нагласува дека претходно од Појасот Газа биле истрелани ракети кон Израел.
Не се дадени повеќе информации за истрелувањето на ракетите, и досега никој нема презедено одговорност.