Seda Sevencan
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
ГАЗА (АА) - Израелски воени авиони рано утринава извршија воздушни напади врз позиции на палестинската група на отпорот Хамас во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестински извори соопштија дека позициите кои припаѓаат на бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на Хамас, во градовите Хан Јунис и Рафа се погодени од проектили лансирани од израелски авиони.
Нема непосредни јавувања за жртви.
Израелската Армија не се огласи во врска со воздушните напади.
Вчера, израелската Армија соопшти дека била уништена ракета лансирана од Газа кон јужниот израелски град Сдерот.