Zehra Ulucak,Sinan Doğan
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
АНКАРА
Како последица на заразувањето со новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.054 лицa, во Индија 945, а во Мексико 504, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.054 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 113.358 лицa.
Во земјата се откриени 30.355 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи коронавирусот порасна на 3.532.330.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.670.755.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во последните 24 часа во земјата починале уште 945 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 55.794.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 69.878 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 2.975.701.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 2.222.577 лица.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 504 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 59.610.
Во Мексико се откриени 5.928 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 549.734.
Досега во земјата оздравеа 376.409 лица.