Zehra Ulucak
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
АНКАРА - Во последните 24 часа во Кина се потврдени 22 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, додека во Јужна Кореја откриени се 332 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Националната здравствена комисија на Кина се наведува дека сите 22 заразени што се детектирани во последните 24 часа се поврзани со странство.
Во Кина во последните 24 часа не е забележан ниту еден смртен случај предизвикан од коронавирусот.
Вкупниот број на заразени во земјата достигна 84.939, додека бројот на починати остана ист, 4.634.
Од почетокот на пандемијата во земјата оздравеа 79.851 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19, додека во моментов активни се 454 случаи, од кои 19 лица се во тешка состојба.
- Јужна Кореја -
Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја информираше дека последните 24 часа се потврдени 332 нови случаи на Ковид-19, од кои 17 се поврзани со странство.
Вкупниот број на заразени во Јужна Кореја достигна 17.002. Како последица на коронавирусот починаа 309 лица, додека оздравеа 14.169 заразени.
Во земјата, дневниот број на заразени со Ковид-19 од 14 август повторно се искачи во троцифрени бројки, така што во последните девет дена детектирани се 2.232 случаи на коронавирусот.
Владата соопшти дека за време на викендот поради порастот на бројот на заболени ќе бидат засилени мерките за борба против епидемијата. Во рамките на мерките, кои ќе траат две недели, ќе бидат затворени местата за забава, библиотеките, галериите и музеите.