Tarek Chouiref
18 Мај 2026•Ажурирај: 18 Мај 2026
Израел изградил две тајни воени локации во западната пустина на Ирак како поддршка на операциите против Иран, се наведува во неделниот извештај на „Њујорк тајмс“, пренесува Анадолу.
Весникот, повикувајќи се на ирачки и регионални официјални претставници, објави дека новооткриената локација е една од двата тајни објекта што Израел повремено ги користел во Ирак повеќе од една година.
Официјалните лица соопштија дека локациите се користеле за воздушна поддршка, полнење гориво и медицински услуги, а подоцна одиграле улога за време на 12-дневната војна против Иран во јуни 2025 година.
Една од локациите излезе на виделина откако ирачкиот овчар Авад ал-Шамари наишол на необична воена активност во близина на Ал-Нукаиб во март и ги предупредил локалните власти откако видел хеликоптери, шатори и нешто што изгледало како импровизирана писта за слетување, пишува „Тајмс“.
Во додава дека Ал-Шамари подоцна исчезнал и бил пронајден мртов, додека ирачките сили испратени да ја истражат областа, исто така, се нашле под оган, при што еден војник загинал, а двајца биле повредени.
Претходно овој месец, „Волстрит џурнал“ објави дека Израел воспоставил тајна воена база во западната пустина на Ирак за поддршка на операциите против Иран.
Во изјавата за Анадолу по известувањата на „Волстрит џурнал“, висок ирачки безбедносен официјален претставник ги отфрли тврдењата за израелска воена активност во западната пустина на Ирак како „лажни“.
Официјалниот претставник рече дека ирачките сили се соочиле со „мистериозна“ воздушна операција во пустинската област Ал-Нукаиб во март и дека инцидентот бил решен во тоа време.