Kaamil Ahmed
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - По шест години Израел денес го назначи амбасадор во Турција, соопшти изралеското министерство за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот изјави дека Еитан Наех, заменик амбасадорот на Велика Британија од 2013 година, ќе биде нов претставник на Анкара. Тој претходно во 1993 година работел во амбасадата во Анкара и исто така служел и како израeлски амбасадор на Азербејџан.
Дипломатските врски меѓу Турција и Израел се обновени, откако беа прекинати во мај 2010 година, кога израелските командоси убија 10 турски активисти на бродот со хуманитарна помош „Мави Мармара“, насочен кон Газа.