Yusuf Hatip
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) – Министерот за внатрешни работи на Пакистан, Чодри Нисар Али Хан, изјави дека бараат од 108 наставници, кои работат во 23 училишта на терористичката организација ФЕТО, заедно со своите семејства до 20. ноември да ја напуштат државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својата изјава на еден од телевизиските канали, Хан рече дека, официјално бараат од 108-те наставници заедно со своите семејства да ја напуштат државата.
Министерот изјави дека, очекуваат овие лица, кои вкупно изнесуваат 400, да ја напуштат државата до 20. ноември.
Училиштата на ФЕТО во Пакистан вршат активности под името „ПакТурк“.
„ПакТурк“ на својата официјална веб страница го потврдија барањето од министерството.
Во рамките на посетата на државата од страна на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, која започнува утре, се очекува да се разговара за превземање на училиштата од турските власти.
Во оваа дводневна посета, Ердоган ќе се сретне со претседателот на Пакистан, Мемнун Хусејин и премиерот Наваз Шериф, и ќе се обрати на заедничка седница на народното собрание и сенатот.
Се очекува Ердоган по средбата со високи претставници и раководители на фирми, на која ќе присуствува и премиерот на Пакистан, да се упати кон Лахор.