свет

Израелската војска нареди евакуација од централниот дел на Појасот Газа

Армијата тврди дека овие области се „опасни борбени зони“ поради наводните „операции на Хамас“.

Ikrame Imane Kouachi  | 17.08.2024 - Обновена : 17.08.2024
Израелската војска нареди евакуација од централниот дел на Појасот Газа

АНКАРА (АА) - Израелската војска денес издаде нова наредба за евакуација на жителите од неколку области во централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Портпаролот на израелската војска, Авичај Адраи, објави дека жителите на блоковите 2232-2240 во подрачјето на Магази и населените места Салах Ел-Дин, Ел-Фарук и Ел-Амал во централниот дел на Појасот Газа се бара да се евакуираат.

Армијата тврди дека овие области се „опасни борбени зони“ поради наводните „операции на Хамас“.

Вчера, израелската војска издаде нови наредби за евакуација на жителите од неколку области на централниот и јужниот дел на Појасот Газа, кои претходно беа означени како „хуманитарно безбедни зони“.

Претходно, некои од овие области, како што е Ал-Маваси, беа означени како „хуманитарни безбедни зони“ за раселените Палестинци во услови на тековната израелска офанзива на Газа.

Според меѓународната хуманитарна организација Оксфам, над 1,7 милиони раселени Палестинци во моментов живеат во областа Ал-Маваси и неговата околина, што сочинува помалку од една петтина од територијата на Газа.

Во вторникот, Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (УНРВА) објави дека приближно 84 отсто од територијата на Газа е под наредба за евакуација од 7 октомври.

Нападот на Израел врз Газа предизвика меѓународна осуда за кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Во израелските напади убиени се над 40.000 Палестинци, а огромни области на Газа се во урнатини, со блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.