Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Hacer Başer
15 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
КУДС (АА) - Израелската полиција изврши упад во „Месџид ал Акса“ кој се наоѓа во окупираниот Источен Кудс, при што се повредени 90 Палестинци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелските полицајци изутрина упаднаа во дворот на „Месџид ал Акса“, користејќи гумени куршуми и звучни бомби.
Според информациите добиени од очевидците, израелските полицајци физички ги нападнале Палестинците.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека како резултат на користење на гумени куршуми и звучни бомби од страна на израелските сили, повредени се 90 Палестинци.
Се истакнува дека повредените лица се пренесени во околните болници.