Eshat Fırat
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
КУДС (АА) - По вечерната молитва настана судир меѓу израелската полиција и една група турски државјани на портата Катанин на Месџид Ал-Акса, при што беа приведени двајца турски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидците, една група турски државјани кои носеле фесови и маици со турско знаме, меѓу кои и деца, биле спречени да влезат во Харем-и Шериф од страна на израелската полиција.
Израелската полиција на турските државјани им кажала да ги соблечат маиците со турско знаме, бидејќи во спротивно нема да им биде дозволено да влезат во Месџид Ал-Акса.
Групата регирала на тоа, при што израелските полицајци интервенирале врз групата, а во настанатиот судир се приведени двајца турски државјани.
Се истакнува дека приведените турски дежавјани дошле од Белгија и имале двојно државјанство.
Израелската полиција досега не даде никаква изјава околу случајот.