Gökhan Kavak
21 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
АБУЏА (АА) - Во западноафриканската држава Нигерија неидентификувани лица, со цел откуп, киднапираа 4 турски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, во јужниот дел на Нигерија, во сојузната држава Илорин, во петокот вечерта се киднапирани 4 турски државјани.
Турските државјани се киднапирани за откуп, а во тек се активности за спасување на киднапираните лица.
Минатата недела на отворено море во Нигерија, вооружени лица нападнаа брод на кој се наоѓале 18 турски државјани, при што киднапирале 10 турски морнари.
Со последното киднапирање, бројот на турски државјани киднапирани во Нигерија се зголеми на 14 лица.