Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Hacer Başer
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелската полиција собира документи за идентификација од сите лица кои се наоѓаат во џамијата Ал-Акса, јавува Anadolu Agency (AA).
Фирас ед-Дебс, гласноговорник на јорданската Фондација Ал-Акса, која е задолжена за управување со истоимениот комплекс, ја потврди оваа информација, наведувајќи дека идентификациските документи земаат од сите кои се наоѓаат во Ал Акса.
Израелската полиција не издаде соопштение за објаснување на новите мерки. Израел на 5. јуни 1967. година го окупираше Источен Ерусалим. Израелскиот парламент со усвоен закон од 1980 година Ерусалим, со неговиот источен и западен дел го проглази за „единствн главен град" на Израел.
Истата година реагираше Советот за безбедност на ОН и со усвојување на резолуцијата 478 законот на израелскиот парламент го прогласи за неважечки.